14.10.2014.

Талент од школата на Пелистер во шпанска Санта Изабел

БИВШ МЛАДИНЕЦ НА ПЕЛИСТЕР ВО ОБИД КАРИЕРАТА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ ВО ШПАНИЈА
Малкумина знаат дека талентиран фудбалер од школата на Пелистер настапува во Шпанија. Имено 19 годишниот Раим Алили веќе неколку недели е во Сарагоза, каде тренира со третолигашот Санта Изабел и на прагот е да направи скок во неговата кариера. Благодарение на српскиот тренер Дејан Џокиќ и менаџеркста агенција од Шпанија „Sport B&M„ Раим кој ги мина сите категории во ФК Пелистер, сега добива шанса во земјата на европскиот првак.
Иако тоа не е најсилен ранг, сепак да се игра во Шпанија е само за одбрано друштво. Алили во Пелистер започна од петлиња, па настапуваше за пионери, кадети и младинци, а негови тренери беа Лазе Гаштаров, Нашоку, Сашо Илиевски и Спасе Ристевски. Деновиве ќе се знае неговиот статус, но Алили веќе тренира и игра пријателски натпревари за Санта Изабел и неговиот прогрес радува. Пречка му претставува неговата работна дозвола, но шпанското искуство и тоа како ќе му користи понатаму во кариерата.  

Нема коментара:

Постави коментар