Powered By Blogger

23. 10. 2014.

Енергијата ги напушти пелистерци

ОТПОР И ВОДСТВО НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ ПОТОА „КАПИТУЛАЦИЈА„ ВО АВТОКОМАНДА ЗА МЛАДИТЕ ПЕЛИСТЕРЦИ
Металург 2 - Пелистер 29:24 (12:13)

Иако во поголемиот дел од средбата беа рамноправни, а на моменти и водеа, ракометарите на Пелистер немаа сили на ново чудо и загубија на гостувањето кај Металург 2 во Автокоманда со 5 голови разлика.
Избраниците на Игор Николовски играат се подобро, но немаа доволно енергија за во исто темпо да ги одиграа сите 60 минути. Повторно следеше физички пад и недостатокот на интервенции на голманите си го направи своето. Ракометарите на Металург 2 повеќе ротираа од клупата и на крајот без треперење ги освоија бодовите. Во останатите мечеви од 6 вонредно коло постигнати се следните резултати:

Охрид - Пролет                       24:25
Работнички - Текстилец       38:25
Прилеп - Радовиш                  29:27
Преспа - Зомимак М              23:27

Табела
Зомимак М      18
Металург 2      15
Прилеп             10


Нема коментара:

Постави коментар