Powered By Blogger

21. 10. 2014.

Пелистер од денес во карантин „зелените„ веќе вежбаа и пенали

МОЖЕБИ ПРВИОТ КАРАНТИН ОВАА СЕЗОНА ЌЕ ИМ ДОНЕСЕ СРЕЌА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Фудбалерите на Пелистер уште денес попладне патуваат за Скопје, од каде во мир ќе го подготвуваат за нив многу значајниот возвратен меч од осминафиналето на националниот Куп против Работнички. Иако патуваат без предност, фактот дека ќе им одговараат два резултати, може да им биде психолошки плус.
Тренерот Секуловски има проблеми со тимот бидејќи Степановски, Петковски, Главевски и Ганчев се жалат на повреди, но ќе патуваат со екипата и во последен момент тренерот Секуловски ќе одлучи кој ќе настапи, а кој не. Со оглед на тоа што на првиот натпревар не реализираа најстрога казна, а и во неделата против Хоризонт Турново ударот од белата точка беше „маѓепсан„ за битолчани, ќе мора да поработат на оваа проблематика. Така откако не реализираа шест од последните 12 пенали во двете последни сезони, битолчани ќе мора да потренираат повеќе, бидејќи можеби пеналите ќе им требаат утре попладне против Работнички. Пред шест сезони кога играа во полуфиналето на Купот, двете екипи шутираа казнени удари да се дознае финалистот и тогаш посреќни беа дебармаалци. Овој пат битолчани се решени да се поправат и во реализацијата и во концентрацијата. 

Нема коментара:

Постави коментар