16.10.2014.

Два битолски кик-бокс шампиони на евро-шампионатот во Билбао

ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА КИК-БОКС РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС
Двајцата битолчани врвни кик боксери Александар Најдовски - Сканта и Александар Димовски - Димса се дел од македонската репрезентација која ќе учествува на сениорското Европско првенство во Шпанија.
Најдовски е пет пати прогласен за државен првак на Македонија, но врвни резултати во последните неколку години на ова поле носи и Димовски. Македонската кик бокс репрезентација интензивно се подготвува за сениорското Европско првенство кое од 18 до 26 октомври ќе се одржи во Билбао во ринговни дисциплини: лоу кик, К-1 и фулконтакт. Селекторот Дејан Митровски за ова ЕП ги одбра најдобрите адути: Ненад Манојловски, Димитар Георгиев, Љупче Коцев, Мики Ивановски, Александар Најдовски и Александар Димовски. Ивановски ќе настапи во дисциплината К-1, останатите во лоу кик. Двајцата битолски кик-боксери тренираат и напредуваат под будното око на Тони Бошевски и Гордана Цветковска - Бошевска во КК „Самурај„ од Битола. Тие имаат големи заслуги за нивниот настап во Шпанија. Денес на официјална прес-конференција ќе говорат репрезентативците и нивните тренери.

Нема коментара:

Постави коментар