Powered By Blogger

5. 10. 2014.

Пелистер поразен во Радовиш, прва победа за ХЈС Работник

ТРЕТ МЕЧ И ТРЕТ ПОРАЗ НА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО СУПЕРЛИГАТА
Радовиш со одличната игра во текот на целиот натпревар успеа да го совлада Пелистер со 27:18, недозволувајки му на младиот гостински тим да приреди никакво изненадување. Големата подршка од навивачката група Лебари и сите присутни во СРЦ 25 Мај покажаа дека радовишани го сакаат ракометот.
Домаќините беа максимално посветени на играта, со која потврдија дека оваа сезона атакуваат на висок пласман во разигрувањето во Супер лигата. Најефикасен кај домаќините беше Бобан Блажевски со 9 гола, а голема заслуга имаше со своите одбрани и голманот Славјан Пауновски. Во своето деби во Првата лига, екипата на ХЈС Работник го совлада кавадаречкиот тим Лозари со 24:10 (10:4). Мечот на битолски Феникс против Ринија е одложен. 

Нема коментара:

Постави коментар