Powered By Blogger

3. 10. 2014.

По 13 години пак женски суперлигашки ракомет во Битола

ПО ТРИУМФОТ ПРОТИВ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ЖРК ПЕЛИСТЕР ЗА ПРВ ПАТ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ОВАА СЕЗОНА ГО ДОЧЕКУВА СОСЕДОТ ПРИЛЕП
За прв пат од сезоната 2001/02 во Битола ќе се игра натпревар од женската Суперлига, благодарение на промоцијата на ЖРК Пелистер во најсилниот ранг во нашата земја. Ракометарките на Пелистер победија на гостувањето во Скопје против Ѓорче Петров со 11 разлика и со оваа победа ја најавија својата трка кон местото на табелата кое обезбедува излез на европска сцена.
Квалитетот на екипите од 3 до 6 место е многу сличен и тренерот Борче Марковски и ракометарките потајно се надеваат на враќање во Европа по 19 години „Отпатувавме во Скопје со желба да одиграме квалитетно и да видиме како стоиме со екипа која ни е главен конкурент. Но, се случи тоа што никој не го очекуваше и ние во Скопје, не само што ја победивме екипата на Ѓорче Петров, туку и целосно ја надигравме рече на денешната средба со новинарите тренерот Борче Марковски, кој беше тренер и при последните настапи на ЖРК Пелистер во Суперлигата пред 13 години.  На прес-конференцијата беше присутна и Гордана Цветковска - Бошевска како претставник на општина Битола, која помогна за оваа екипа да биде на ова ниво и да парира со останатите екипи. Млади битолски девојчиња го сочинуваат тимот, а големи засилувања се повратничката Викторија Мурговска и кумановчанката Моника Паневска, која беше најзаслужна за победата во првото коло. Утре ЖРК Пелистер е домаќин против Прилеп  во 17 часот во спортската сала “Младост” во Битола.

Нема коментара:

Постави коментар