Powered By Blogger

19. 10. 2014.

Изненадувачки пораз на домашен терен за Костанца

ПО ЦЕЛИ СЕДУМ ГОДИНИ, ДОМАШЕН ПОРАЗ ВО ШАМПИОНАТОТ ЗА КОНСТАНЦА НА БИТОЛЧАЕНИТЕ АНГЕЛОВСКИ И ШУНДОВСКИ
Констанца на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски загуби со 28:24 на свој терен од Политехника од Темишвар во рамките на 9 коло од ракометната лига на Романија.
Македонскиот голман Даскаловски забележа 15 интервенции за гостите, кои направија пресврт во второто полувреме, откако првото го доби бранителот на титулата со 13:9. Ова е прв пораз на домашен терен за тимот на Шундовски и Ангеловски по седум години. Констанца остана на второто место на табелата со 16 бода, два помалку од водечкиот Минаур од Баја Маре.

Нема коментара:

Постави коментар