03.10.2014.

Цел меч за Драгарски, завршницата за Спировски

БЕРОЕ ПРОДОЛЖУВА ДА „ГАЗИ„ ВО БУГАРИЈА, ДРАГАРСКИ СЕ ЗАЦВРСТИ ВО ОДБРАНАТА НА КОНКОРДИЈА
Христијан  Драгарски се зацврсти во првиот тим на Конкордија и го одигра првиот комплетен натпревар. Тој 90 минути беше во централниот дел од одбраната на Конкордија на мечот од 10 коло во романската лига против Рапид Букурешт.
Мечот заврши 0:0, а по овој меч Конкордија остана на 14 место со 9 бода. Стефан Спировски влезе во 82 минута на местото на Елијас во победата на Берое на гости кај Локомотив Софија со 0:3. За зелените од Стара Загора погодија Ндаје и два гола на Гади. За Локомотив сите 90 минути ги одигра Ранџеловиќ. Берое е втор во бугарската лига со 21 бод од 11 одиграни кола. 

Нема коментара:

Постави коментар