Powered By Blogger

6. 10. 2014.

Младост Царев двор со пријателски меч против Вардар

МЛАДИОТ РЕСЕНСКИ ВТОРОЛИГАШ ОРГАНИЗИРА ПРЕСТИЖЕН ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ ПРОТИВ ТРОФЕЈНИОТ ВАРДАР
Актуелниот лидер во македонската фудбалска лига Вардар идниот понеделник на 13 октомври ќе му гостува на Младост од Царев Двор во пријателски меч за да ја искористи репрезентативната пауза, а тимот од ресенско мечот го најавија како спектакл.
„Благодарност до ФК Вардар. Мечот се игра по барање на црвено-црните и им благодариме на изборот“, стои во најавата за мечот. Дуелот ќе се одигра на стадионот „Атина Бојаџи“ со почеток во 15 часот, а влезот е бесплатен.

Нема коментара:

Постави коментар