Powered By Blogger

7. 10. 2014.

Крај на позитивната серија на Клуж

ИВАНОВСКИ ОДИГРА 90 МИНУТИ, НО КЛУЖ ЗАГУБИ КАЈ ТАРГУ МУРЕШ
По осум натпревари без пораз, фудбалерите на Клуж на Мирко Ивановски загубија на гостување кај Таргу Муреш со 2:0 во последниот натпревар од 10 коло на романската лига. Ивановски ги одигра сите 90 минути како напаѓач по левата страна, но на гостите овој пат ништо не им поаѓаше од рака.
Гога не реализира пенал во 35 минута за Таргу Муреш, а Хора во 43 го отвори резултатот. Иако Клуж се отвори и напаѓаше во продолжението, Ндоје во 77 минута од контранапад ги постави финалните 2:0. По овој пораз Клуж останува на второто место со 22 бода, три помалку од Стеауа. Во наредното 11 коло на 18 октомври, Клуж го дочекува петтопласираниот Динамо Букурешт. 

Нема коментара:

Постави коментар