02.10.2014.

Пецаковски се врати меѓу „рисовите„ од Струмица

ВРАЌАЊЕ ВО СТРУМИЦА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО РАКОМЕТ
28 годишниот битолчанец Дејан Пецаковски официјално е нов играч на струмичкиот прволигаш, Зомимак М. Бившиот ракометар на Пелистер, Вардар и Металург и репрезентативец на Македонија потпиша едногодишен договор со екипата која ја претставуваше нашата земја во ЕХФ купот и се очекува да биде големо засилување во бековската линија на тимот.
Тој ќе дебитира за „рисовите“ уште овој викенд против екипата на Охрид.

Нема коментара:

Постави коментар