Powered By Blogger

19. 10. 2014.

Мехелен го сопре првакот, а Мајнц реди победи и без капитенот

ПАЧОВСКИ ОСТАНА НА КЛУПАТА, А МАЈНЦ СЛАВИ И БЕЗ ПОВРЕДЕНИОТ НОВЕСКИ
Во очекување на враќањето на капитенот Николче Новески, Мајнц 05 забележа нова победа откако во рамките на 8 коло од Бундеслигата го совлада Аугсбург со 2:1. Хофман во 20 и Сампеиро во 23 минута беа стрелци за „црвените„ а единствениот гол за гостите го постигна Вернер во 78 минута.
По 8 кола, Мајнц 05 се наоѓа на четвртото место со 14 бода. Наредната недела, екипата на Новески му гостува на Волзбург. Белгиските прволигаши играа мечеви од 11 коло, а во дербито Мехелен и Андерлехт играа 1:1 со Томе Пачовски кој остана на клупата за резерви. Домаќините поведоа со евро-голот на Кордаро во 20 минута, а израмни Дефур во 62 минута. Мехелен е на осмото место со 14 бода, а во наредното 12 коло му гостува на Лирс в петок од 20:30 часот.  

Нема коментара:

Постави коментар