Powered By Blogger

5. 10. 2014.

Два екс пелистерци стрелци во скопското дерби

РАБОТНИЧКИ ВО ПРОГРЕС ПО СЕРИЈАТА НА ПОБЕДИ ПРОТИВ ДИРЕКТНИТЕ КОНКУРЕНТИ
Денес со четири натпревари беше комплетирано 10 коло од шампионатот на Првата лига. Актуелниот шампион Работнички му се одмазди на Металург за убедливиот пораз од 0:3 во премиерното коло оваа сезона, бидејќи попладнево на стадионот „Ѓорче Петров“ славеше со 1:2.
Победата на „романтичарите“ ја најави Дарко Велковски уште во 12-тата минута со „бомбата“ од слободен удар од околу 17 метри. Алтипармаковски ја обезбеди победата во 67 минута по асистенција на Илиевски. „Металурзите“ иако останаа со играч помалку во 70 минута, откако Стојановски набрзина заработи два жолти картони успеаа да постигнат почесен погодок во финишот преку Лескароски.

Металург - Работнички 1:2
Брегалница - Шкендија 1:3
Тетекс - Ренова 0:4
Турново - Силекс 1:1

Табела:
  1.  Вардар 24
  2. Шкендија 18
  3. Металург 17 
  4. Работнички 16
  5. Пелистер 15
  6. Силекс 14
  7. Турново 14
  8. Ренова 12
  9. Брегалница 5

10. Тетекс 2

Нема коментара:

Постави коментар