Powered By Blogger

29. 10. 2014.

Серијата од реми средби, битолчани ја прекинуваат со Ренова

ПО СЕРИЈА НА МЕЧЕВИ БЕЗ ГОЛОВИ, ПЕЛИСТЕР ИМА ИМПЕРАТИВ ДА СЛАВИ ПРОТИВ РЕНОВА ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Ремито во Скoпје против Металург ја раздвижи и табелата и моралот кај пелистерци. Без 7-8 стандардни првотимци и не беше лесно да се игра против екипата која секоја година гравитира во врвот на мак-фудбалот како Металург.
Но свртена е нова страна и мислите на момците на Секуловски се насочени кон Ренова и еден опд најзначајните мечеви за зелените до крајот на есенскиот дел. И ако многумина помислија дека „болницата„ во Пелистер полека се „чисти„ сепак ситуацијата е сеуште алармантна. Од повредените од минатата недела само Брдаровски и болниот Ристевски имаат свои опции да настапат, а дополнителен хендикеп е што младиот 17 годишен Мартин Мирчевски кој играше многу солидно со Работниќки во Купот и во Ѓорче Петров во неделата, се наоѓа со репрезентацијата под 18 година во Унгарија „ Многу ни е потребна една победа за да ја подобриме нашата ситуација на табелата. На неколку последователни натпревари се соочуваме со проблеми, но тешко им е на противниците да не поразат. Мечот со Ренова е голема наша шанса да направиме исчекор на табелата. Но во оваа изедначена лига нема лесен натпревар и верувам дека ќе ни треба многу труд и против Ренова. Не треба да не залаже победата во Тетово или на пријателскиот натпревар во Битола пред да почне сезоната. Ова се нови 90 минути и нам ни е неопходна подршката од трибините и затоа и покрај работниот ден верувам дека „Чкембарите„ и битолчани во изобилство ќе дојдат под „Тумбе кафе„ и ќе не подржат„ оптимист беше пред наредниот меч за бодови младиот Јованчо Трајковски. Традицијата вели дека домашниот терен не значи многу голема предност кога играат овие две екипи. Така во првиот натпревар оваа сезона, Пелистер славеше под Шара, а и минатата сезона двете екипи по еднаш триумфираа играјќи како гостин. Битолчани од овој и мечот наредниот викенд со Силекс под Тумбе кафе, очекуваат многу од своите фудбалери. Впрочем Пелистер е без победа од мечот со Тетекс, па без разлика што во меѓувреме загуби само од Вардар во шампионатот, за скок на табелата потребни се три бода. 

Нема коментара:

Постави коментар