Powered By Blogger

17. 10. 2014.

Со Турново како финале за пелистерци

ПО СКОРО ЕДЕН МЕСЕЦ БЕЗ ТРИУМФ, ЗЕЛЕНИТЕ ОЧЕКУВААТ РАДОСТ ПРОТИВ ХОРИЗОНТ ТУРНОВО ПОПЛАДНЕВО
По скоро три недели без официјален меч под Тумбе кафе, љубителите на фудбалот во градот под Пелистер со голем ентузијазам го чекаат мечот со Хоризонт Турново попладнево. Зелените веќе еднаш го добија тимот од Турново, но не се залажуваат дека ќе биде лесно и веќе цела недела тренерот Секуловски го подготвува и најмалиот детал за противникот.
Горан Ганчев се пожали на повреда на еден од последните тренинзи и неговиот настап за овој натпревар е под знак прашалник. Радува што Филип Миленковски се враќа во стројот и ќе биде од голема важност за тимот. „Влегуваме во нов силен ритам на натпревари и со тоа мислам дека можеме уште еднаш да покажеме дека ова што го направивиме во првите два и пол месеци од сезоната не е случајност. На тренинг сите соиграчи се максимално концентраирани на наредниот противник и тоа радува. Имаме потребен мир во соблекувалната и со сплотеност и карактер кој оваа екипа многу пати го покажала, можеме да играме против секој противник„ ни рече Миленковски. Ступиќ кој одигра одличен меч на „Кукуш„ пак ќе го предводи нападот на зелените, а средниот ред е делот од тимот кај пелистерци, за кој стручниот штаб има најмногу дилеми. Анастасов, Тодоровски, Мустафов и Љамчевски конкурираат за две или три места. Пелистер не примил гол на својот терен повеќе од 400 минути, од последните моменти од првиот дел на средбата со Металург во средината од август.

Крстески доби син и очекува победа посветена токму нему

Прилепчанецот во редовите на Пелистер, Аце Крстески стана по втор пат татко и ќе биде силно мотивиран за мечот со Хоризонт Турново. Со тоа централниот дефанзивец на Пелистер дополнително ќе биде инспириран и ќе даде се од себе екипата да триумфира и победата да му биде посветена на неговиот син.

Повик до 12 играч за подршка на новиот проект

По професионалните фудбалери за клубот најважни се навивачите и навивачката група „Чкембари„ Затоа управниот одбор јавно ги повика да го наполнат стадионот под „Тумбе кафе„ и да му помогнат на тимот да им се врати на победите. Клубот има одличен однос со своите приврзаници и во иднина планира уште повеќе проекти и иницијативи кои на клубот и на своите верни симпатизери ќе му донесе бенефит и подигање на клубскиот имиџ.

Нема коментара:

Постави коментар