15.10.2014.

Умаг ги чека борците на „ЗА НЕД ДО„ на мундијалот

НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА БОРЦИТЕ ОД „ЗА НЕД ДО„ АКАДЕМИЈАТА
Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола ја направи својата селекција од најдобрите за оваа година, кои и оваа година ќе ја претставуваат академијата на светското првенство.
Tимот ќе се состои од 10 натпреварувачи, кои ќе земат учество на светското првенство во боречки вештини и борби, кое оваа година ќе се одржат во Умаг, Хрватска во периодот од 22 до 26 октомври. Како и минатата година, и оваа, Академијата ќе има свои претставници во дисциплините: самооодбрана, музички форми со оружје, лајт контакт борби и семи контакт борби. Горди што преку спортскиот дух на другарување и натпреварување успеале четири пати да се интонира македонската химна на сред Атина и исто толку пати на највисокото прво место да се вее македонското знаме, не сакаат да даваат никакви очекувања за предстојното светско првенство.

Нема коментара:

Постави коментар