28.10.2014.

Маркоски суди против Ренова утре попладне

СТАР ПОЗНАНИК НА ЦЕНТАРОТ НА УТРЕШНИОТ МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР СО РЕНОВА
Охридскиот судија Марјан Маркоски втор пат оваа есен е делегиран за главен судија на меч за бодови на битолски Пелистер. Тој утре од 13:30 часот на стадионот под „Тумбе кафе„ ќе го означи почетокот на натпреварот од 14 коло на Првата фудбалска, помеѓу Пелистер и Ренова.
Во првиот дел од шампионат, зелените ги совладаа „гипсарите„ под Шара со 0:2.

Пелистер – Ренова (Среда - 29.10.2014 - 13.30 часот)
Главен судија: Марјан Маркоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески (Струга) и Златко Митрески (Прилеп)
Делегат: Ѓорѓе Костадинов

Контролор: Алиларџан Хаџипази

Нема коментара:

Постави коментар