Powered By Blogger

19. 10. 2014.

Драгарски непреминлив, Конкордија прокоцка победа

НОВИ ПОЗИТИВНИ 90 МИНУТИ ЗА ДРАГАРСКИ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА И НЕСРЕЌНО РЕМИ ЗА НЕГОВАТА КОНКОРДИЈА
Христијан Драгарски трет меч по ред е протагонист во тимот на Конкордија. Попладнево одигра 90 минути на гостувањето кај Крајова во ремито од 1:1.Тој ја командуваше гостинската одбрана која игра се посигурно, а со голот на бразилецот Велингтон, Конкордија долго време водше.
По исклучувањето на Стан во 78 минута, Крајова дополнително притисна и од пенал во 94 минута преку Ферфелеа израмни на 1:1. Со 10 бода по 11 одиграни натпревари, Конкордија се наоѓа на 14 место на табелата и бега од опасната зона. Во наредното коло Конкордија го дочекува Клуж, каде настапува Мирко Ивановски. 

Нема коментара:

Постави коментар