03.10.2014.

Дефанзивната стабилност пак е адутот на пелистерци

„ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ НА ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ МЕЧЕВИ НЕ НОСИ ПОБЕДА НА ДОМАЌИНОТ
Податокот дека на последните шест натпревари на „вечните„ ривали домаќинот не славел, ги радува битолчани кои годинава двата порази ги доживеаа на свој терен. Се до вчера тренерот на битолчани Марјан Секуловски ја организираше тренажната недела како мечот би се играл в недела, но поместувањето му направи проблем околу доближувањето до мечот.
Миленковски и Петковски најмногу го загрижуваат, но се очекува многу да не менува од тимот кој веќе осум натпревари е непоразен во шампионатот и Купот: „Во било кој амбиент и место на табелата да го дочекуваме „вечното дерби„ тоа е посебен натпревар. Нашата моментална форма и континуитетот на натпревари радуваат, но тоа во ваков натпревар не е многу важно. Често во минатото и местото на табелата не било одлучувачко. Ние точно знаеме што не очекува и каков Вардар ќе имаме наспроти себе. Штета што не играме на националната арена, во поубав амбиент и поквалитетен тревник, но ние не можеме ништо да сториме околу изборот на стадион за дербито. Се обидуваме да не се оптеретуваме со оваа проблематика„ вели Владица Брдаровски кој славел против Вардар во дресот на Работнички, но не и во „зелениот„ дрес по неговото враќање во Битола. Иако не откриваат биточските фудбалери делуваат како да имаат план како ќе играат против Вардар. Самодовербата на пелистерци е на високо ниво и единствено нешто кое го ремети нивниот мир е клубската несреденост, заостанатите примања, но покажаа овие два месеци дека се силно приврзани кон клубот и можат да го надминат и тој проблем. Само што овој пат наспроти себе имаат екипа која веќе ги совлада оваа есен, со 0:1 во Битола во 1 коло. Пелистер со години постигнува позитивни резултати на стадионот во Ѓорче Петров, без разлика дали игра со Македонија или Тетекс, па ќе се обиде и со Вардар да остане непоразен. Тимот на Секуловски останува неизвесен, иако пред се дефанзивната стабилност на зелените алудира дека нема многу работи да се менуваат, посебно во последниот ред. Во екипата од Битола, Ристевски, Тодоровски, Крстески, Ступиќ и повредениот Марковски го носеле дресот на Вардар, а на спротивната страна за двата ривали играле Љамчевски и Павловиќ.

Нема коментара:

Постави коментар