08.10.2014.

Нкунгуа и Бесараб од Пелистер во ХЈС Работник

НАЈМЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТЕН КЛУБ ДОВЕДЕ ДВА СТРАНСКИ РАКОМЕТАРИ ДА ИГРААТ ВО ПРВА ЛИГА
Само што се пријави за натпреварување во Првата македонска лига и обезбеди добра финансиска конструкција, новоформираниот клуб ХЈС Работник веќе направи компетитивна екипа.
Клубот кој го формираа и го водат бившите репрезентативци Иван Марковски и Александар Зарков се потпираат на домашни млади ракометари, но ангажираа и двајца странски ракометари кои до минатата сезона настапуваа во Пелистер. Корпулентниот 27 годишен голман Крис Нкунгуа кој доаѓа од Франција и имаше солидна мината сезона во Пелистер и средниот бек Сергеј Бесараб потпишаа за ХЈС Работник и дебитираа во првото коло во победата над кавадаречки Лозари со 24:14. Со помош на главниот спонзор „Еурофарм„ овој клуб дефинитивно е кандидат за промоција во Суперлига. 

Нема коментара:

Постави коментар