Powered By Blogger

8. 10. 2014.

Талески: „В петок општината ќе ги сослуша инвеститорите за стадионот„

ПО РЕШАВАЊЕТО НА ИДНИНАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР, СЕГА ОШТИНАТА СЕ КОНЦЕНТРИРА КОН ГРАДСКИОТ СТАДИОН ПОД ТУМБЕ КАФЕ
По продажбата на ФК Пелистер, градоначаникот на општина Битола, Владимир Талески најави дека за два дена ќе биде детално отворен случајот за стадионот под Тумбе кафе со нови потенцијални инвеститори за изградба на нов или целосно реновиран стадион:
„На 10 октомври општина Битола ќе биде отворена за примање на заинтересирани страни за инвестиции во изградбата на новиот стадион под Тумбе кафе. Веќе имаме две потенцијални понуди и се надевам дека и продажбата на ФК Пелистер ќе повлече поголем интерес. Исто така во соработка со новиот доминантен сопственик и ФФМ постојано работиме на подобрување на инфраструктурата и условите за работа на младите категории во нашиот град. Нашиот проект за Битола - спортски град продолжува и верувам дека сите ќе ги видат резултатите од целиот проект„ потенцираше градоначалникот. Стадионот под Тумбе кафе во последен момент ги исполни условите на комисијата за инфраструктура при ФФМ за одигрување на прволигашки натпревари. Претходно општина Битола го презентираше проектот за нов стадион под Тумбе кафе, со четири трибини и капацитет од 12.000 места.

Нема коментара:

Постави коментар