19.10.2014.

Ристевски и Славија им се вратија на победите, Берое убедливо поразен

11 КОЛО ОД БУГАРСКИОТ ШАМПИОНАТ СО РАЗЛИЧНИ ЕМОЦИИ ЗА БИТОЛСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ
Битолчанецот Кире Ристевски се врати во стартниот тим на Славија Софија и одигра 90 минути како централен дефанзивец во победата на неговата екипа на гостувањето кај Марек со 0:2. По тренерската смена, конечно бело-црните заиграа многу подобро и со головите на Василев во 47 и Платини во 73 минута славеа со два гола разлика.
Со оваа победа по 12 кола, Славија е на 9 место со 12 бода и во наредното коло в петок го дочекува Локомотив од Пловдив. Стефан Спировски не настапи во поразот на неговиот Берое од Черно Море со 4:0, што претставува големо изненадување. Манолов во 22, Кируе во 36, Котев во 64 и Рајков во 86 минута ги постигнаа головите за домаќините. Берое останува не третото место со 21 бод и во наредното коло на 24 октомври му гостува на Ботев во Пловдив.   

Нема коментара:

Постави коментар