08.10.2014.

В недела прва меморијална трка „Тони Гулевски - Бабуш„

МАКЕДОНСКИОТ МОТОКРОС ОВОЈ ВИКЕНД НА ПАТЕКАТА КРАЈ БРАТИНДОЛ ЗА МЕМОРИЈАЛНА ТРКА
Битола и пред се спортскиот свет пред неколку месеци беше потресена од смрта на Тони Гулевски, долгогодишниот претседател на Мото клубот ЛТД и несебичен помагач на овој спорт.
В недела,  на падините кај селото Братиндол, во организација на мотоклубот ЛТД од Битола, ќе се одржи меморијална мототрка “Братиндол 2014”, која ќе биде во чест на основачот на овој клуб Тони Гулевски - Бабуш, кој прерано го загуби животот. Трката ќе биде организирна од страна на ЛТД, а со помош на Мотофедерацијата, Општината Битола и неколку други помагатели.

Нема коментара:

Постави коментар