Powered By Blogger

19. 10. 2014.

Ивановски активен, Клуж со пресврт до победа

КЛУЖ СО ИВАНОВСКИ НА ТЕРЕНОТ ЦЕЛ НАТПРЕВАР ГО СВРТИ РЕЗУЛТАТОТ ПРОТИВ ДИНАМО БУКУРЕШТ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
По поразот во претходното коло од екипата на Таргу Муреш, Мирко Ивановски и неговиот Клуж му се вратија на победите, откако во тежок меч беше совладан Динамо Букурешт со 2:1. Лазар уште во 3 минута ги доведе гостите од главниот град во водство.
Следеше жестока иницијатива на Клуж, по која Чантурија од пенал во 20 минута израмни на 1:1. По големата иницијатива, Гуима во 84 минута го постигна победоносниот гол за домашниот Клуж. Во осмата победа во сезоната, Мирко Ивановски вгради одличен меч, неколку добри потези и заработи еден жолт картон. Веќе 4-5 меча игра во континуитет и битолчанецот полека се пронаоѓа во нова средина. Клуж по 11 кола има 25 бода, исто како и Стеауа, која вечерва го дочекува тимот на Универзитатеа од Клуж во последниот меч од ова коло. Во наредното 12 коло, Клуж му гостува на Конкордија за која настапува Христијан  Драгарски.      

Нема коментара:

Постави коментар