Powered By Blogger

25. 10. 2014.

Убедлив триумф на Металург против пелистерки

ВТОР ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ПОРАЗ ОД СКОПСКИ РИВАЛ ЗА РАКОМЕТАРКИТЕ НА ЖРК ПЕЛИСТЕР
ЖРК Металург - ЖРК Пелистер  34:16 (20:5)

Спортска сала „Автокоманда„ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Михајло и Методија Илиевски од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски (Скопје) 

ЖРК Металург:
Антиќ, Серафимова, Ивановска, Каранфиловска 5, Пеовска 1, Талевска 2, Белеска 1, Јовановска 1, Николиќ 3, Стојковска 3, Николовска 4, Дабевска 1, Ливриниќ 1, Величковска 2, Ристовска 7, Петковска 3.     

Седмерци: 2/3     
Исклучувања: 12 минути

ЖРК Пелистер:
Шијаковска, Трпковска 1, Мурговска 5, Етемовска 2, Димитрови, Гаштевска 3, Ставревска, Јовевска 3, Јошевска, Златевска, Шундовска 2, Секуловска.     

Седмерци: 4/4   
Исклучувања: 6 минути


Екипата на ЖРК Металург го надигра тимот на Пелистер во натпревар од 4 тото коло на македонската Суперлига. Во Автокоманда скопјанки победија со 34:16 (20:5) во нерамноправен натпревар. Пелистер поведе во својот прв напад, но Металург веднаш врати, со серија од 4:0. Уште полошо пелистерки поминаа по постигнувањето на својот втор гол, бидејки домашните девојки вратија со разурнувачка серија од 10:0. Следеше одлична реализација на скопските  ракометарки, кои со брзи контранапади го решетаа голот на противникот. До крајот на првото полувреме разликата достигна до + 15 (20:5). Задоволни од постигнатото во првото полувреме, домашните ракометарки се опуштија во вториот дел, па постигнаа 14, но и примија 11 гола. Се на се убедлива и заслужена победа со одлична партија на десното крило, Сара Ристовска, која средбата ја заврши со 7 постигнати гола. Кај гостинските Викторија Мурговска постигна 5 гола.

Нема коментара:

Постави коментар