Powered By Blogger

6. 10. 2014.

Домашно реми за футсал играчите на Цермат

РЕМИ СО ПРЕСВРТИ ВО МЕЧОТ ВО БИТОЛА ПОМЕЃУ ЦЕРМАТ И БИЏО ВО РАМКИТЕ НА ТРЕТОТО КОЛО НА ФУТСАЛ ЛИГАТА НА МАКЕДОНИЈА
Битолски Цермат ремизираше со екипата на Биџо од Куманово во првиот меч игран во Битола во рамките на шампионатот на Македонија во футсал оваа сезона.
Во меч со пресврти во кој и водеа, но и го бркаа противничкото водство, фудбалерите на Цермат на крајот играа 3:3 со силната екипа на Биџо. Со 4 бода и по една победа, пораз и реми, екипата на Цермат се наоѓа на петтото место по три одиграни кола во шампионатот на Македонија во футсал. 

Нема коментара:

Постави коментар