19.10.2014.

Кузмановски и Димитровски го совладаа Тинекс Пролет сред Скопје

УБЕДЛИВО ИЗДАНИЕ И ПРВА ГОСТИНСКА ПОБЕДА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ

Тинекс Пролет - Пелистер 26:32 (12:16)

Спортска сала „Македонско сонце„ - Скопје. Гледачи: 500
Судии: Славчо и Ѓорѓи Ќаеви (Скопје)

Тинекс Пролет:
Велков 1, Огњановски, Мајнов 4, Апостоловски, Ролевски 5, Јовановски 1, Коруновски, Андоновски 8, Кимевски, Димковски, Љубевски, Крстевски 3, Ичоќаев 3, Стојановски 1
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 6 минута

Пелистер:
Крстевски, Дрогришки 4, Димитровски 7, Илиевски 7, Рајатовски 6, Тодоровски, Гаревски, Јовановски, Вељановски, Ѓорѓиевски, Христо, Кузмановски 8, Нечков
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути

Битолски Пелистер најави враќање на победите и надминување на кризата во клубот. Пелистерци ја остварија втората победа сезонава и тоа на гостувањето кај Пролет во Скопје (26:32). Иако отпатуваа за Скопје со 13 ракометари немаа проблеми со домашниот тим. Тренерот на Пролет, Илија Темелковски мораше да бара тајм аут уште по 10 минути игра, а гостите брзо поведоа со 1:6. Потоа се беше залудно, неможеше да фатат приклучок.  Кузмановски со 8, и Димитровски и Илиевски со по 7 гола беа главните играчи на битолчани. Кај домаќините, Андоновски постигна 8 гола. Во наредното коло, битолчани му гостуваат на Металург јуниор во среда навечер во „Автокоманда„

Нема коментара:

Постави коментар