Powered By Blogger

4. 10. 2014.

Втор минималец за Вардар во „вечното дерби„ оваа сезона

ПО ДВА МЕСЕЦИ ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ВО НАТПРЕВАР ЗА БОДОВИ
Прва фудбалска лига - 10 коло

Вардар - Пелистер 1:0 (1:0)

Стадион во Ѓорче Петров - Скопје. Гледачи: 1000
Главен судија: Дејан Јакимовски (Скопје)
Асистенти: Маријан Кировски (Скопје) и Никола Караколев (Штип)
Делегат: Синиша Стојчевски (Скопје)
Стрелeц: Петковски во 51 минута за Вардар
Жолти картони: Петковски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Вардар:
Павловиќ, Таневски, Грнчаров, Б. Љамчевски, Дашјан, Асани (од 66м. Иванов), Глигоров, Хамбарџујан, Деспотовски, Петковски (од 81м. Ивановски), Гроздановски (од 77м. Миранјан)

Пелистер:
Пашовски, Крстески, Степановски, Брдаровски, Мустафов (од 85м. Главевски), Анастасов, Ристевски (од 68м. Мирчевски), Ганчев, Петковски, Ступиќ, П. Љамчевски (од 46м. Тодоровски)

Најнеобичното „вечно дерби„ играно на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје, со двете навивачки групи на иста трибина и како заеднички навиваат против ФФМ, започна веднаш со шанса за Вардар. Во 2 минута по ударот на Глигоров, голманот Пашовски одби, а на одбиената топка не се снајде најдобро Филип Петковски. Пелистер одигра одлично до 20 минута и се закани со два корнери и едно недоврешено двојно проигрување на Брдаровски и Ристевски. И Ганчев се обиде од слободен удар во 13 минута, но биеше високо над голот. Најголемата опасност по голот на битолчани доаѓаше од левата страна, од каде Благојче Љамчевски постојано упатуваше центаршутеви кон напаѓачите. Во 20 минута по неговото додавање, со глава биеше Филип Петковски, но премлако за да го совлада гостинскиот голман. Во 24 минута мечот беше прекинат 6 минути заради скандирањата „ФФМ мафија„ на двете навивачки групи на стадионот. Во 33 минута нова закана на оската Љамчевски - Петковски и пак без резултат. И кога се чинеше дека на одмор ќе се обиде без голови, во 6 минута од вкупно 7 надополнување во првиот дел, Благојче Љамчевски нафрли до главата на Петковски, кој биеше во спротивен агол и топката со необичен лет заврши во мрежата на Горан Пашовски. Гол примен во најнезгоден момент за избраниците на Секуловски. Вториот дел необично се играше без двете навивачки групи кои го напуштија дербито, откако својот арсенал од скандирања го „испукаа„ во првиот дел. Секуловски го внесе Тодоровски место Петар Љамчевски на стартот од продолжението. Во 47 минута по центаршутот на Благојче Љамчевски, Таневски врати во средината, Петковски во пад ја зафати топката со глава, бараше и пенал, но Јакимовски одмавна со рака. Пелистер беше рамноправен и на моменти офанзивно активен, но мака мачеше да креира шанси. Домаќините се задоволија и контролираа со обид да уловат некој контранапад. Во 71 минута по слободниот удар на Гоце Тодоровски за малку задоцни Ганчев околу петерецот. Гостинскиот тренер го внесе најмладиот на теренот Мартин Мирчевски во 68 минута на местото на Ристевски. Мирчевски од дистанца се охрабри но биеше крај голот во 84 минута. И покрај обидите Пелистер да нападне и со Главевски во последните 5,6 минути, резултатот не се менуваше и Пелистер по скоро два месеци е поразен. Трет пораз оваа есен за екипата на Марјан Секуловски и следи двонеделна пауза пред мечот со Хоризонт Турново.    

Нема коментара:

Постави коментар