Powered By Blogger

17. 10. 2014.

Битолските кик-бокс шампиони спремни заминуваат за Билбао

ОД САБОТА ВО БИЛБАО ПОЧНУВА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС СО ДВА БИТОЛСКИ АДУТИ
По повод учеството на европското првенство во кик-бокс кое ќе се одржи од  сабота во баскискиот град Билбао, двајцата репрезентативци Димовски и Најдовски и нивниот тренер Бошевски одржаа прес-конференција.  Двајцата ќе се борат за медал во категоријата лоу-кик. Најдовски ќе биде во категорија -86 килограми, а Димовски во категорија +91. Тренерот на македонската репрезентација Тони Бошевски кој и ги селектираше двајцата за очекувањата од ова европско првенство за нивното учество на европското првенство на прес-конференцијата рече:
„Двајцата се докажани борци кои неколку изминати години се најдобри во своите категории во Македонија, а квалитетот го имаат докажано и на меѓународни натпревари. На последната проверка, на изборното првенство кое се одржа во Велес само го докажаа квалитетот и го потврдија репрепрезентативниот статус. Што се однесува пак до нивниот настап на престојното Европско првенство во Шпанија, мислам дека имаа шанса да се вратат со медал. На првенството ќе има многу квалитетни борци, а очекувам и силни борби на двајцата, како во квалификационите така и во финалните борби„ заврши Бошевски.  Александар Најдовски неколку години е во врвот на македонскиот кик-бокс и ова ќе биде негова прва битка за медал на европско првенство. „Репрезентативец на Македонија сум од 2009 година и досега имам настапувано на две светски првенства и еден светски куп. Ова е мое деби на европските првенства и се надевам на медал. Имам зад себе многу настапи и тренинзи и сето тоа ми дава верба дека со медал ќе се вратам од Шпанија„ вели Александар Најдовски, кој додаде дека во силната конкуренција покрај физичката и тактичката подготвеност ќе му треба и спорска среќа. За разлика од него Александар Димовски нема толкав репрезентативен стаж, но во последните две години е државен првак, а има и меѓународни настапи. „Тренираме веќе седум месеци за ова европско првенство, а последниот месец сето тоа е со поголем интензитет. Нема да биде лесно на европското првенство во Шпанија, но квалитетот и желбата за медал е на моја страна,„ вели Димовски.

Нема коментара:

Постави коментар