29.10.2014.

Битолчани го поздравија подвигот на Дејановиќ

ПО ПОДВИГОТ НА ХИМАЛАИТЕ, ДЕЈАНОВИЌ СО ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ВО БИТОЛА
Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ во малата сала на Центарот за култуа пред неколку стотици љубители на планинарските спортови одржа промоција за искачувањето на вториот врв во светот, К2 (8.611 метри) забележано на 27 јули годинава, на 60 годишнината на првото искачување на К2 во 1954 година.
Дејановиќ во пријатна атмосфера, со многу позитивни емоции, фотографии и видео материјали, успеа на присутните да им да пренесе дел од случувањата и возбудувањата при искачувањето на К2, еден од најтешките и најсмртоносните врвови во светот. Алпинистот Дејановиќ кој покрај К2, пред четири години, во 2010 година се искачи и на највисокиот врв во светот, Монт Еверест (8.848 метри) најави дека во следната 2015 година планира искачување и на Анапурна 1 (8.091 метар), кој е поопасен и помалку искачуван и од К2.

Нема коментара:

Постави коментар