14.10.2014.

Пелистерки очекувано поразени од шампионот

ОЧЕКУВАН ПРВ ПОРАЗ ВО СЕЗОНАТА НА РАКОМЕТАРКИТЕ НА МАРКОВСКИ И ТОА ОД ПРВАКОТ ВАРДАР
ЖРК Вардар - ЖРК Пелистер 44:16 (24:9)

СРЦ „Кале„ - Скопје. Гледачи: 500
Судии: Марија Илиева и Силвана Крбеска (Скопје)

ЖРК Вардар:
Петковиќ, Радичевиќ, Стојановска 5, Митова 3, Николиќ, Лазовиќ 3, Дембеле 5, Фернандез 1, Зебиќ 3, Кликовац 9, Пенезиќ, Черноиваненко 7, Ихнева 8, Суслина, Лекиќ

Седмерци:2/2
Исклучувања: 2 минути

Пелистер:
Шијаковска, Трпковска 4, Мурговска 6, Гроздановска, Паневска 2, Етемовска, Дмитровиќ 3, Гаштевска, Ставревска, Јовевска 1, Златевска, Шундовска, Секуловска

Седмерци: 2/2
Исклучувања: 0 минути 

Шампионот ЖРК Вардар му го нанесе првиот пораз на новиот суперлигаш ЖРК Пелистер. Вечерва во „Кале“ црвено-црните славеа со убедливи 44:16. Индира Кастратовиќ овој меч речиси целосно потполно го довери на втората постава, оставајќи ги на клупа Лекиќ, Пенезиќ, Радичевиќ, Суслина, а на трибини Алтхаус, Лејно и повредената Хмирова.
Помладите „вардарки“ немаа проблем да се справат со противникот исто толку убедливо, правејќи двоцифрена разлика уште во првиот дел и 24:9 на полувреме. Како водечки на листата на стрелци постојано се менуваа неколку ракометарки, а на крај таму останаа две ракометарки Алена Ихнева и Андреа Кликовац со по осум гола. И покрај поразот битолчанки останаа втори, барем засега, единствени со шест бода, зад Вардар кој има девет.

Нема коментара:

Постави коментар