Powered By Blogger

14. 10. 2014.

Милевски дебитираше со победа, настапија и Пивковски и Мустафов

НОВА СЕЛЕКЦИЈА НА НАДЕЖИ, НОВ СЕЛЕКТОР И НОВИ НАВИКИ ВО ПОБЕДАТА НА МАКЕДОНИЈА НАД РОМАНИЈА ЗА ФУДБАЛЕРИ ПОД 21 ГОДИНА
Македонија - Романија 2:1 (1:0)

Стадион: „Филип Втори“ – Скопје. Гледачи: 500
Главен судија: Дејан Јакимовски
Асистенти: Гоце Петрески и Иса Емурли (Македонија)
Стрелци: Бабунски во 30 и Барди 62 минута за Македонија, а Балгаша во 69 минута за Романија
Жолти и црвени картони: нема

Македонија:
Шишковски, Ристовски, Зајков, Барди, Николов (од 70м. Мустафов), Нафиу (од 90м. Картал), Бабунски (од 85м. Ангелов), Пивковски (од 57м. Тимовски), Велковски, Радески, Демири (од 78м. Имери)

Романија:
Којочару, Балгаса, Неаг (од 68м. Тиру), Болдор, Филип, Јулиан (од 46м. Митрита), Дан (од 46м. Паун), Бумба (од 46м. Стербан), Ванчу, Танасе (од 68м. Ротариу), Баунт (од 46м. Драгос)


Благоја Милевски имаше успешно деби на клупата на македонската фудбалска репрезентација до 21 година со победа од 2:1 против Романија во пријателски натпревар одигран вечерва на „Филип Втори“ во Скопје. Најзаслужен за триумфот е Давид Бабунски кој уште еднаш го потврди својот огромен талент и потенцијал. Фудбалерот на Барселона најпрво погоди од слободен удар, а беше асистент на вториот гол за Македонија по една прекрасна соло-акција. Од битолските фудбалери дебитантот Филип Пивковски од Новара настапи неполн час, а Бурхан Мустафов играше 20 минути во завршната фаза од средбата.

Нема коментара:

Постави коментар