Powered By Blogger

30. 10. 2014.

Пелистер со вклучен аларм, 46 дена без победа

ПОВРЕДИ, ПОРАЗИ И РАЗОЧАРУВАЊА МЕЃУ ПЕЛИСТЕРЦИ ВЕЌЕ ЕДЕН И ПОЛ МЕСЕЦ
Поразот од Ренова како да го вклучи црвеното светло во битолскиот прволигаш. Овој пораз се надоврзува на серијата резултати без победа, на која последен пат пелистерци се израдува на 14 септември. Од тогаш зелените загубија само два пати во шампионатот (Вардар и Ренова) и беа елиминирани од националниот Куп.
Како главна причина за лошите резултати се наведуваат физичките проблеми на многу фудбалери кои се последица на ненаправените подготовки и густиот календар. Така „болницата„ под Тумбе кафе повторно е полна, откако по мечот со „гипсарите„ Миленковски и Петковски се пожалија на обновување на повредите. На некои места тренерот Секуловски нема солуции и во најлош момент доаѓа мечот со екипата која е во најдобра форма во лигата, скопски Работнички. Радикално не можат многу работи да се сменат, но во овие два дена, зелените ќе се освежат и ќе се регенерираат за саботниот дуел. Пелистер одамна не освоил бодови на гостувањето кај Работнички, па во ваква клима, може да биде само аутсајдер в сабота. Во Битола се враќа репрезентативецот од 18 години Мартин Мирчевски, кој одигра два натпревари во Унгарија оваа недела. Посебно во одбраната и нападот, битолчани немаат избор и ќе играат  истите фудбалери како во последните недели. Клубот се обидува да делува сплотено во последните 4 коло од есенскиот дел, иако не е сеедно колку бодови ќе собере како „зимница„ пред четири месечната пауза.

Нема коментара:

Постави коментар