17.10.2014.

Бајрамовска го „сруши„ Хипо

БИТОЛЧАНКАТА БЛЕСКАШЕ ВО ДРЕСОТ НА КРИМ ПРОТИВ СЛАВНИОТ АВСТРИСКИ ХИПО
Словенечкиот првак Крим ја почна сезоната во Лигата на шампионите со убедлив триумф против Хипо од 32:20, а ѕвезда на вечерта беше битолчанката Мирјета Бајрамоска. Поранешната ракометна репрезентативка одигра одличен меч со осум гола дефинирајќи се како лидер на словенечкиот првак.
Играше и Марина Ламбевска, но таа остана без погодоци. Крим претставува загадочна енигма во новата сезона за многумина, откако пролетва се извлече од банкрот и продаде голем дел од ракометарките. Сепак, сега ја демонстрира својата сила играјќи извонредно, особено во второто полувреме кое го доби со 17:8. Во оваа група  А се натпреваруваат уште Динамо од Волгоград и Лајпциг.

Нема коментара:

Постави коментар