Powered By Blogger

2. 10. 2014.

„Цермат„ го враќа прволигашкиот футсал во Битола

БИТОЛСКАТА КОМПАНИЈА СО СЕ ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО СПОРТОТ
В сабота од 15 часот со натпреварот со кумановски Биџо во спортската сала „Младост„ во Битола, официјално почнува новиот шампионат на Македонија во футсал за екипата на КМФ Цермат.
Тимот на Хедис кој до минатата сезона се натпреваруваше под ова име во најсилната македонска лига во нашата земја, доби нов спонзор во битолската компанија „Цермат„ и клубот ќе го носи ова име. Наместо во Прилеп, каде играше до минатата сезона, оваа екипа сега ќе биде домаќин во Битола „Цермат„ купи 35% од акциите на РК Пелистер, а деновите треба да биде официјализирано нивното купување на мнозинскиот пакет на акции на ФК Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар