04.10.2014.

Момент за историја: „Чкембари„ и „Комити„ навиваа на иста трибина

ЗА ПРВ ПАТ ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ НАВИВАЧКИ ГРУПИ НАВИВАА ЗАЕДНИЧКИ И НА ИСТА ТРИБИНА
Уникатен момент во македонската фудбалска историја. На вечното фудбалско дерби меѓу Вардар и Пелистер попладнево во Скопје свртено е ново поглавје во навивачката историја, откако двете најголеми навивачки групи во Македонија, „Комити“ и „Чкембари“ навиваа заедно на иста трибина.
Тие го искажаа своето незадоволство од водењето на фудбалот од страна на ФФМ. Поради навредливите скандирања на сметка на федерацијата и нејзиниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, мечот беше во прекин 7-8 минути. Пред почетокот на вториот дел и двете навивачки групи во знак на протест ги напуштија трибините и воопшто не го проследија вториот дел од вечното дерби.

Нема коментара:

Постави коментар