Powered By Blogger

28. 10. 2014.

Степановски успешно опериран се враќа наредната година

ПЕЛИСТЕР ГО ЗАГУБИ СТОЛБОТ НА ОДБРАНАТА ДО КРАЈОТ НА ФУДБАЛСКАТА ЕСЕН
Централниот дефанзивец на Пелистер, 30 годишниот Методија Степановски успешно е опериран во битолската клиничка болница, заради повредата на препоните која веќе долго време ја влече.
На полувремето од мечот со Хоризонт Турново, Степановски почувствува силна болка, заради која не можеше да продолжи и беше заменет. Во меѓувреме подлегна под „нож„ и веќе го почна процесот на рехабилитација. Со оглед на тоа што есенскиот дел од шампионатот завршува за нешто повеќе од еден месец, искусниот дефанзивец ќе му се стави на располагање на тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски за време на зимските подготовки и пролетниот дел од шампионатот во март 2015 година.

Нема коментара:

Постави коментар