Powered By Blogger

28. 10. 2014.

Изостана македонскиот дуел, реми меѓу Мехелен и Зулте Варегем

ВОНРЕДНОТО КОЛО ДОНЕСЕ ПРОПУШТЕНА ШАНСА ЗА ЕКИПАТА НА ПАЧОВСКИ ДА НАПРАВИ НОВ СКОК НА ТАБЕЛАТА
Оваа сезона со доаѓањето на Јанковиќ на клупата на Мехелен, екипата на Томе Пачовски игра многу подобро за разлика од минатата сезона кога тимот го водеше Веркаутерен. Во мечот од вонредното 13 коло на белгиската Џупилер лига, Мехелен и Зулте Варегем играа нерешено 1:1.
Откако во првиот дел Косановиќ не реализира пенал за домаќините, црвено-жолтите поведоа со голот на Веселиновиќ во 58 минута. Зулте Варегем израмни во самиот финиш во 88 минута со голот на Даен по корнерот на Трајковски. Пачовски остана на клупата, а Трајковски настапи 25 минути, откако го замени Троизи во 65 минута. Веднаш внесе живост кај гостите, намести гол и заработи жолт картон во 85 минута. Мехелен падна на 7 место со 18 бода, а Зулте Варегем е последен на табелата со 10 освоени бода. Во наредното 14 коло, Мехелен му гостува на Стандард во Лиеж на 1 ноември, а Зулте Варегем ден претходно го дочекува Генк. 

Нема коментара:

Постави коментар