Powered By Blogger

31. 10. 2014.

За Пелистер нема пенал и кога судија мисли дека го има

И ВИДЕО СНИМКАТА ПОТВРДУВА ДЕКА КОНФУЗИЈАТА НА СУДИИТЕ ВО СРЕДАТА ОДИ НА ШТЕТА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Битолчани имаа можност неколку пати да го прегледаат спорниот момент од мечот со Ренова во средата и 52 минута во која помошникот Митревски го подигна знаменцето регистрирајќи прекршок врз Трајковски во шеснаесетникот на Ренова.
Која е причината што главниот судија Марјан Маркоски од Охрид не покажа на белата точка, битолчани не знаат и веќе два-три дена се прашуваат. Иако најнапред проблемите ги гледаат во својот дом, пелистерци се изненадени за третманот врз нив, пред се на домашните натпревари. Кога евидентниот пенал, не е пенал и кога судиите ќе сигнализираат, тогаш што е пенал за Пелистер?

Нема коментара:

Постави коментар