30.10.2014.

Клуж и Ивановски со пресврт во Купот до дуел со Стеауа

КЛУЖ СО ПОБЕДА НАД РАПИД СЕ ИЗБОРИ ЗА ГОЛЕМ ЧЕТВРТФИНАЛЕН ДУЕЛ ВО КУПОТ СО СТЕАУА
Во мечот од осминафиналето на Купот на Романија, Клуж со Мирко Ивановски на теренот во вторите 45 минути, славеше во Букурешт против Рапид и обезбеди голем четвртфинален меч со Стеауа во Клуж.
Рапид брзо поведе со голот на Панку во 11 минута. Со влегувањето на македонскиот репрезентативец, Клуж направи голем пресврт и со головите на Доре во 79 и Чантурија во 87 минута, стигна до победа. 

Нема коментара:

Постави коментар