Прекрасна
фудбалска лекција по хуманост на нашите ветерани, меѓу кои најбројни беа
битолчаните и бившите фудбалери на Пелистер
Фудбалските легенди на Македонија беа вклучени во нова хумана акција, изминатиов викенд одигрувајќи натпревар против ФК Јагодина за собирање средства за рехабилитација на поранешниот голман на Црвена Звезда и југословенската репрезентација, Звонко Милојевиќ.
Македонските легенди меѓу кои настапија и пет битолчани и осум бивши фудбалери на Пелистер настапија на натпревар, на кој резултатот беше најмалку важен и ги совладаа ветераните на ФК Јагодина со 6:3. Нашата селекција ја предводеше едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски а во составот настапија: Петар Милошевски, Драган Поповски, Митко Стојковски, Илија Најдоски, Светозар Станковски, Жанко Савов, Игор Ангеловски, Тони Мицевски, Ристе Божинов, Илчо Ѓорѓиоски, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски, Есад Чолаковиќ и Марјан Андревски. За тимот на Јагодина настапија Прибановиќ, Јовиќ, Вујачиќ, Мирковиќ, Сретеновиќ, Болиќ, Младеновиќ, Манојловиќ, Обрадовиќ, Костиќ, Милосављевиќ. Како што е познато поранешниот голман на Црвена Звезда, Звонко Милојевиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа пред неколку години, но и натаму очекувано ја продолжува битката не губејќи надеж дека ќе ги надмине здравствените проблеми. Како помош за негово што побрзо заздравување се вклучени бројни фудбалски функционери, пријатели и навивачи.

Нема коментара:
Постави коментар