ДВАЈЦАТА РАКОМЕТАРИ
КОИ ОД ПЕЛИСТЕР ЗАМИНАА ВО ЗОМИМАК, ЈА НАПРАВИЈА РАЗЛИКА НА СРЕДБАТА
Пелистер - Зомимак 25:28 (13:15)
Пелистер - Зомимак 25:28 (13:15)
Спортска сала
„Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Александар
Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)
Делегат: Драган
Начевски (Скопје)
Пелистер:
Тоскоски,
Божиновски, Костовски 1, Димитровски 3, Мемиќ, Ангелевски 3, Дрогришки 3,
Илиевски 4, Чурлевски 1, Вешовски 4, Митевски 6, Вељановски, Ивановски,
Талевски, Нечков
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 10
минути
Зомимак:
Колев,
Стојановски, Соколов, Маглешев, Тренчевски 1, Чантурија 8 , Павловски 3,
Везенковски 3, Пецаковски 8, Атанасов 1, Милосављевиќ 4, Лазаров, Петковски,
Георгиев
Седмерци: 6/2
Исклучувања: 8 минути
Во до крај драматичен натпревар,
поквалитетната екипа на Зомимак успеа по втор пат во третиот меѓусебен меч оваа
сезона со Пелистер да забележи победа. По почетните 3:3, битолчанецот
Пецаковски им го носи првото одлепување на гостите (3:6). Се до финишиот на
првиот дел предноста на гостите беше перманентна. Тогаш Митевски со неколку гола
од контранапади израмни на 11:11. Но тандемот кој од Пелистер замина во Струмица,
Дејан Пецаковски и Реваз Чантурија беше немилосрден и со уште два завршни гола
донесе 13:15 на полувреме.
Во вториот дел стартот ништо
добро не им донесе на битолчани. Милосављевиќ и Пецаковски со мини-серија му
носат највисока предноста на гостите (15:20). Но жилавата екипа на Кире
Поповски не се предаваше. Се подобри играта во одбрана, младиот Дрогришки ја
превзеде одговорноста, погоди и Ангелевски и на 7 минути пред крајот Пелистер
израмни (23:23). Но тогаш на ефтин начин исклучувања заработија два домашни
ракометари и тоа го искористи Пецаковски. Високиот битолчанец со уште два гола
ја запечати судбината на својот матичен клуб. Токму Пецаковски и Чантурија ја
надополнија тенката клупа на Зомимак и со екстра партија им донесоа важни
бодови на амбициозниот суперлигаш од Струмица. Наредниот меч Пелистер пак го
игра во спортската сала Младост против Куманово на 24 април.
Нема коментара:
Постави коментар