ПОРАЗ ОД 35 ПОЕНИ
ЗА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СИЛНАТА ЕКИПА НА КОЖУВ ОД
ГЕВГЕЛИЈА
Кожув - Пелистер
79:44 (27:16, 16:8, 19:10, 17:10)
Во најслабо одиграниот натпревар
досега во сезоната, кошаркарите на Пелистер го доживеаа најубедливиот пораз до
сега во државниот шампионат. На гостувањето во Гевгелија кај учесникот во
балканската БИБЛ лига, зелените во ниту еден момент не беше рамноправен ривал и
финалните 35 разлика потврдуваат дека екипата на Благој Печалов тешко може до
сензација на скоро сите мечеви, со исклучок на оние со Вардар.
Во централниот дел од првиот период, гевгеличани направија серија 9:0 и со поените на Стерјов и Пековиќ отидоа на 17:6. Капитенот Петковски беше најактивен кај пелистерци, кои веројатно се предадоа уште пред полувремето. Во играта под обрачите дуелот беше нерамноправен, заради разликата во сантиметри , искуство и пред се квалитет. Кирил Павловски и Димитар Караџовски на крајот од втората четвртина ја зголемија предноста на Кожув до +19.

Во третиот периот зелените
почнаа ветувачки и Анакиевски и Талевски со мини-серија од 5:0 вратија на
поднослив дефицит од 12 поени. Но разликата во класи доведе на моменти
публиката во Гевгелија да се забавува со атрактивните поени и забивања на
кошаркарите на Кожув. По рутинска последна четвртина, Кожув стигна до финалните
79:44. Сите домашни кошаркари постигнаа поени, а Стерјов со 13 и Павловски со
10 беа единствени со двоцифрен учинок. Зоран Петковски со 10 и Ѓорѓи Талевски
со 9 поени, најефикасни во поразениот табор. И по петтиот натпревар,
кошаркарите на Пелистер се без победа и без големи очекувања продолжуваат во
мечевите кои следат до зимската пауза.
Нема коментара:
Постави коментар