Powered By Blogger

23. 11. 2014.

Пелистер постигна гол, но носи само бод од под Шара

БОШКО СТУПИЌ СТРЕЛЕЦ ЗА ЗЕЛЕНИТЕ ВО РЕМИТО КАЈ ФЕНЕРЏИЈАТА ТЕТЕКС ВО ТЕТОВО
Прва фудбалска лига - 16 - коло
Тетекс - Пелистер 1:1 (1:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 300
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан Неделкоски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Виктор Ефтимов
Стрелци: Фернардињо во 14 за Тетекс, а Ступиќ во 45 минута за Пелистер
Жолти картони: Блажевски (Тетекс), Крстески, Анастасов, Ганчев (Пелистер)
Црвени картони:

Тетекс:
Манчевски, Блажевски, Ѓеорѓиевски, Љума (од 55м. Начевски), Дробаров (од 46м. Адем), Божиновски, Јовановски, Фернардињо, Стојкоски, С. Христов (од 73м. Цветановски), Мишовски

Пелистер:
Пашовски, Петковски, Крстески, Динчев (од 85м. Главевски), Тодоровски, Мустафов, Анастасов (од 89м. Љамчевски), Ристевски, Ганчев, Мирчевски, Ступиќ

Фудбалерите на Пелистер ја прекинаа серијата на порази, конечно постигнаа гол, но однесоа само бод од гостувањето кај фенерџијата Тетекс. Дури и мечот лошо почна за пелистерци, кои веќе во 14 минута примија гол. Божиновски го направи поголемиот дел од работата, го најде Фернардињо Алвес, кој од 5-6 метри ја втурна топката во празната мрежа. Гостите станаа се понервозни и доста грешеа. Се чекаше последната минута од првиот дел, кога Диме Ристевски го пронајде Бошко Ступиќ, а овој од неколку метри ја погоди мрежата на Манчевски. Во вториот дел двете екипи имаа свои шанси, но оние најзрелите ги прокоцка младиот Мирчевски. Во 70 и 77 минута изби сам пред домашниот голман, но два пати беше за малку непрецизен. Ниту влегувањата на Петар Љамчевски и Благојче Главевски во финишот не вродија со плод и Пелистер освои само бод на гостувањето кај единствената екипа без победа во првенството. Во наредното 17, последно есенско коло на 30 ноември Пелистер пак гостува во Тетово, овој пат кај многу посилната Шкендија.  

Нема коментара:

Постави коментар