Powered By Blogger

9. 11. 2014.

Петта радост на фудбалерките на Конзули

ПРОДОЛЖУВА ПОЗИТИВНАТА СЕРИЈА НА ЖРК КОНЗУЛИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ ШАМПИОНАТ 
ЖФК Тиверија - ЖФК Конзули 1:3 (1:0)

Стадион ,,Младост” – Струмица. Гледачи: 100
Главен судија: Златанов Панче
Aсистенти: Велков Влатко и Џорлев Михаил (сите од Струмица)
Стрелци: Павлинка Николовска за ЖФК Тиверија, а Симона Крстаноска (2) и Ангела Стојковска за ЖФК Конзули

ЖФК Тиверија:
Донева, Кирова, Димитрова, Николовска, Ристовска, Кочева, Котева, Гоцевска, Тучева, Граматикова, Стојчева
За ЖФК Конзули:
Николовска, Мицкоска, Тасева, Талимџиоска,Крстаноска, Тргачевска, Данчева, Киранова, Николовска, Стојковска, Трајковска

Без разлика што екипата на Конзули во летниот преоден рок останаа без своите најдобри фудбалерки, во новата сезона нанижаа 5 победи во 6 натпревари и на своето конто веќе имаат 15 бода. Во рамките од 6 коло битолскиот состав гостуваше кај незгодниот противник Тиверија и благодарение на Симона Крстаноска и Ангела Стојковска се врати со полн плен, сопобедата од 1:3.

Нема коментара:

Постави коментар