27.11.2014.

Дрогришки: „Ќе го обелиме образот во сабота„


ПО ДВЕ ГОДИНИ ПОВТОРНО ЕВРОПСКИ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА, ПРЕД КОЈ ЗЕЛЕНИТЕ НЕ ВЕТУВААТ ЧУДА, НО БАРЕМ ДОСТОЈНО ЕВРОПСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ
На само два дена до возвратниот натпревар од третото коло на Челинџ Купот помеѓу битолски Пелистер и чешката екипа Дукла од Прага, во Битола се подготвува нешто поголема ракометна еуфорија од вообичаеното сивило кога се играат домашните натпревари оваа сезона.
Иако никогаш во историјата ниту Пелистер, ниту некоја нашата екипа во евро-куповите не надоместила 10 голови пораз, пелистерци очекуваат во најмала мера подобрување на впачетокот: „Свесни сме дека најблаго речено потфрливме на првата средба. Сега знаеме каде грешевме и верувам дека ја научивме лекцијата. В сабота со помош на нашите навивачи убеден сум дека ќе го обелиме образот на нашиот клуб и ракометна Битола„ рече заменикот капитен и младинскиот репрезентативец Стефан Дрогришки. По поразот од 34:24 во главниот град на Чешка, битолската експедиција 26 часа со автобус патуваше за дома и полека се рекуперира од маратонот и првиот натпревар. Тренерот Николовски ги храбри своите ракометари дека со добра одбрана, работите ќе изгледаат поинаку на реванш мечот. За разлика од битолчани, чесите доаѓаат со чартер лет во Охрид во петок и нема да тренираат во спортската сала „Младост„. Мечот в сабота во 18 часот ќе го судат италијански судии.

Нема коментара:

Постави коментар