Powered By Blogger

15. 11. 2014.

Кризата на Пелистер трае и на пријателските средби

ВТОРОЛИГАШОТ ОД РЕСЕН ПОДОБАР ПОД ТУМБЕ КАФЕ ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР 
Пријателски меч

Пелистер - Младост Царев двор 1:2 (0:1)

Негативниот тренд на порази битолскиот прволигаш го продолжи и на пријателскиот меч со амбициозниот второлигаш Младост Царев двор. Прволигашот загуби со 1:2 во меч на шарени состави и скромна посета на градскиот стадион под Тумбе кафе.
Петар Љамчевски несреќно ја погоди сопствената мрежа по корнер на гостинската екипа. Во вториот дел во игра со многу замени на двете страни, Благојче Коњарски се наметна со одлична игра во средниот ред и го постигна голот за 0:2. До крајот на мечот афтиканецот Дидо, кој играше пробен натпревар за зелените со прекрасен гол од работ на казнениот простор, погоди за дефинитивни 1:2. Пелистер настапи без 5-6 стандардни првотимци и без младинскиот репрезентативец Бурхан Мустафов, но Младост Царев двор се наметна како сериозна екипа и по втор пат во пријателски меч го совлада Пелистер. 



Нема коментара:

Постави коментар