17.11.2014.

Ривет и Тасевски го засилија ХЈС Работник

МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ПРВОЛИГАШ ДОГОВОРИ УШТЕ ДВЕ НОВИ ИМИЊА
Амбициозниот ракометен прволигаш ХЈС Работник од Битола, кој за прв пат се натпреварува во Првата ракометна лига доведе уште две засилувања и го комплетира играчкиот кадар за оваа сезона. Имено клубот на Иван Марковски и Александар Зарков потпиша со французинот Даниел Ривет и со Христијан Тасевски, кој претходно настапуваше во Пелистер.
Со овој играчки кадар битолскиот прволигаш ги зголеми своите шанси за промоција во Суперлигата, иако тоа не им е оптеретување уште во првата сезона. Претходно за битолскиот клуб потпиша и францускиот голман Крис Нкунгуа. В среда битолчани играа со Ринија во спортската сала „Младост„ во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар