28.11.2014.

Пелистер решен да го поправи впечатокот против Дукла

НЕ ГААТ ИЛУЗИИ, НО ПЕЛИСТЕРЦИ ВЕРУВААТ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ВПЕЧАТОКОТ ПРОТИВ ДУКЛА
На само два дена до возвратниот натпревар од третото коло на Челинџ Купот помеѓу битолски Пелистер и чешката екипа Дукла од Прага, во Битола се подготвува нешто поголема ракометна еуфорија од вообичаеното сивило кога се играат домашните натпревари оваа сезона.
Иако никогаш во историјата ниту Пелистер, ниту некоја нашата екипа во евро-куповите не надоместила 10 голови пораз, пелистерци очекуваат во најмала мера подобрување на впачетокот. Тренерот Игор Николовски ветува витештво и смета дека резултатот од првата средба не отскликува што се случуваше на теренот: „Ни треба подршка од нашата публика да се обидеме да оставиме впечаток како што заслужува нашиот клуб. Мора да играме многу подобра одбрана и да го принудиме противникот да греши. Убеден сум дека нема да ги повториме грешките од натпреварот во Прага, каде само во првите 15 минути бевме коцентрирани, фокусирани и конкретни. Но имаме лимитиран ростер на ракометари и голем дел од мечот игравме со иста постава. Но ова е нов меч и сигурно ќе бидеме подобри„ вели младиот тренер, кој одиграл многу европски мечеви во дресот на Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар