09.11.2014.

Кугларите на Хераклеа „скокнаа„ до третото место на табелата

ВТОРА ПОБЕДА НА БИТОЛСКИТЕ КУГЛАРИ ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ 
Викендов се одиграа три натпревари од 4 коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година. На натпревар којшто се одигра во Битола, домашниот тим на Хераклеа со резултат 7:1 ја совлада екипата на Империал тобако. Во кугланата „Мусандра” во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото меѓу  екипите на ГТЦ и Вардар 2014.
Овој натпревар заврши нерешено со резултат 4:4. Во кугланата во спортскиот центар „Борис Трајковски” се одигра натпреварот меѓу екипите на 18 Август Адинг и Макпетрол. На овој натпревар победи гостинската екипа Макпетрол, со резултат 0:8, со што остана единствената екипа досега без загубени поени. Последниот натпревар од четвртото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година е натпреварот меѓу екипите на Македонија и Работнички, којќе се одигра на 13 ноември во 17 часот во кугланата во „Борис Трајковски”. По оваа трета победа, кугларите на Хераклеа избија на трето место со 5 освоени бода.

Нема коментара:

Постави коментар